Тереза Меј: Постигнат е напредок, се надевам на договор

209

Британската премиерка Тереза Меј вечерва, пристигнувајќи на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, порача дека е постигнат добар напредок, како во договорот за повлекување на Британија од ЕУ, така и во разговорите за идното партнерство.

– Се надевам на постигнување договор, кој сите го посакуваат и кој ќе биде во интересе и на Велика Британија и на ЕУ – порача Меј.

Британската премиерка и лидерите на ЕУ ќе се обидат на самито во Брисел да ги спасат разговорите за договорен развод, откако досегашните преговори завршија неуспешно. Претставниците на ЕУ велат дека договор и натаму е можен, но се подготвени и за сценариуо во кое ќе нема договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...