Гореше авионот во кој леташе Меланија Трамп

229

Авионот, во кој се наоѓаше американската прва дама Меланија Трамп, беше принуден да слета по избувнувањето на огнот.

Според медиумите, авионот се приземјил од технички причини.


Според извештаите, мирисот на оган и чад се чувствувал во авионот.

Новинарите кои беа во авионот, заедно со сопругата на претседателот на САД, добија влажни пешкири за да го заштитат лицето од чад, пренесува порталот „Сан“.

Авионот во кој се наоѓаше Меланија Трамп требаше да лета за Филаделфија, но пилотот мораше да го смени курсот.

Според Дејли мејл, агентите кои биле во државниот авион заедно со првата дама морале да интервенираат само 10 минути по полетувањето.

Според извори од самиот авион, немало паника меѓу патниците, но Меланија сепак не стигна на посакуваната дестинација.

Таа требаше да се обрати на конференцијата во болницата во Филаделфија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...