Градежниците бараат да продолжат капиталните инвестиции

Градбите во Македонија споредбено со оние од Европската унија се исти во делот на енергетската ефикасност, велат од Градежната комора при ССК.

156
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Потребно е да се продолжи со инвестирање во капитални објекти кои се потребни за дополнителен раст на економијата во Македонија, изјави претседателот на Градежната комора при ССК Ивица Јаќимовски на прес-конференција по повод претстојниот Саем за градежништво и недвижнини.

– За зајакнување на економијата неопходно е континуирано зголемување на вредноста на квалитетните станови и деловни простори како што е практиката во Европската унија и во најблиското опкружување – рече  Јаќимовски.

Според него, градбите во Македонија споредбено со оние од Европската унија се исти во делот на енергетската ефикасност, но треба да се работи на инвестирање во пасивни нулта објекти кои произведуваат енергија за потребите на објектите, а потрошувачката на енергија е сведена на минимум.

15. Меѓународен саем за градежништво и 8. Саем на недвижности и инвестиции – Realexpo ќе се одржи од 24 до 28 овој месец. Во истиот период ќе се одржи и Технома 2018.

Саемските манифестации ќе бидат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на површина од 5.000 квадратни метри, а посетителите ќе имаат можност на едно место да ги разгледаат понудите на градежните компании и банките и да ја согледаат моменталната понуда на пазарот на недвижности.

Од „Скопски саем“ најавуваат околу 70 изложувачи претежно од Македонија, но ќе има и фирми од Хрватска, Србија, Бугарија и Грција.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...