Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, возврати на критиките против нејзиниот сопруг Бил Клинтон, дека тој требало да поднесе оставка во екот на скандалот со тогашната приправничка во Белата куќа, Моника Левински.
Хилари, бележи Си-ен-ен, инсистирала дека не се работи за злоупотреба на моќ од страна на поранешниот претседател на САД, а Левински била возрасна.
Во интервју за Си-би-ес, Хилари Клинтон го бранела својот сопруг и на прашањето дали тој требало да поднесе оставка по неговата афера, таа одговорила – „апсолутно никако“.
– Дозволете јас да ве прашам: Каде е истрагата за актуелниот претседател против кого има бројни обвинувања, а коишто тој ги негира и исмева? – посочила Хилари Клинтон.
ФОТО: јутјуб