ОБНОВЕНО Експлозијата во Керч на Крим предизвикана од рачно изработена направа

Најмалку десет лица загинале а повеќе десетици се повредени во силна експлозија која денеска одекнала на Техничкиот колеџ во Керч, во источниот дел на Крим.

220

Експлозијата на Техничкиот факултет во Керч, во источниот дел од Крим, е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа, изјави заменикот началник на руската Национална гарда.

ПРЕТХОДНО
Трагични вести доаѓаат од Керч поврзани со експлозијата. Претседателот беше информиран… Податоците за убиените и бројот на повредени постојано се зголемуваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Се разгледуваат информациите за тоа дали е извршен терористички напад, рече тој.

– Претседателот му наложи на Министерството за здравство и спасувачките служби да преземат итни мерки за да им помогнат на жртвите на оваа експлозија, доколку е потребно, за да се обезбеди итен превоз на сериозно повредените пациенти до водечките медицински установи во Русија, без разлика дали во Москва или во други градови, додаде Песков.

Најмалку десет лица загинале, а десетици се повредени во силна експлозија која денеска одекна на Техничкиот колеџ во Керч, во источниот дел на Крим.

Според првичните информации, можна причина за експлозијата е истекување гас во мензата на колеџот, јавуваат локалните медиуми повкувајќи се на очевидци.

Според едни извори, во експлозијата се повредени 40 лица, а според други, 50 луѓе. Некои руски медиуми јавија дека се повредени 70 луѓе.

На лице место има многу возила на Брза помош и пожарникари, а во болница до сега се пренесени 18 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...