Хитот на групата Тото, „Африка” е една од најслушаните песни за 2017 година, со 396 милиони прегледи на Јутјуб и 426 милони слушања на Спотифај, иако е објавена уште во 1982.
Тоа е и една од најпребаруваните песни на Гугл во Велика Британија. Со такви бројки, овој евергрин речиси се изедначи по слушаност со песни какви што се „One Last Time“ на Аријана Гранде и „Shape Of You“ на Ед Ширан.
Професорката Барбара Лебрун, пак, која ја истражува поп-музиката, смета дека песната всушност и не е толку весела, еуфорична и разиграна, како што луѓето мислат, туку е многу потажна.
ФОТО: Видео