Професорка во средното угостителско училиште од далечната 1983.година, нашата соговорничка Василка Стефановска наскоро заминува во пензија, но тоа не значи и дека ќе се пензионира. Имено, освен што е професорка, госпоѓа Василка е и претседателка на Слоу Фуд Водно (дел од меѓународната, непрофитна организација Slow Food, со седиште во Италија, во која членуваат повеќе од 140 земји).
Токму филозофијата на оваа организација – заштита на традицијата во исхраната, начинот на подготовка на храна, одгледување на градинарски култури кои се автохтони, е поттик за нејзиниот проект – Училишни градини, нешто што функционира веќе четврта година во угостителското училиште, а од неодамна и во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ со тенденција и идеја да се имплементираат градини во сите основни училишта во земјава.
Интервјуто со Василка Стефановска прочитајте го на порталот „Арт кујна“.