„Визер“ повторно извиси, поништен повикот за субвенционирање на евтини авиолетови

На повикот се јавила само авиокомпанијата Визер, но не ги исполнила условите од повикот.

2561

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески го поништи и вториот јавен повик за субвенционирање на јавен авиопревозник за евтини летови.

На вториот јавен повик, според она што го презентира на прес-конфернеција министерот Сугарески, се јавила само авиокомпанијата „Визер“, но не ги исполнила условите од повикот.

– Во условите на повикот предвидено е авиокомпанијата која ќе конкурира да обезбеди две нови авиолинии од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид до 10 јануари 2019 година и вторите две од вкупно четирите авиолинии до крајот на договорот за субвенционирање. Авиокомпанијата „Визер“ во својот план предвидела сите четири нови авиолинии да ги реализира од август 2019 година. Со ова таа според комисијата за евалуација на повикот не ги исполнила условите од повикот и јас го поништив повикот – рече Сугарески.

Сугарески информира дека за ова ќе биде информирана и Владата, а потоа ќе биде објавен нов повик за субвенционирање на евтини авиолинии со исти критериуми.

– Остануваме доследни за поддршка на евтини летови и равој на вториот аеродром во земјава„Св. Апостол Павле“ од Охрид . Евтини летови ќе има но процедурата и правилата мора да се спроведуваат. Средствата се обезвбедени за сите четири години, но мерката ќе се реализира согласно јасните критериуми – рече Сугарески.

Тој ги повика авикомпаниите заедно со „Визер“ да се јават на третиот повик за субвенционирање на евтини летови.

Сугарески рече дека нема никаков пробелм со авикомпанијата Визер и рече дека таа е стабилна компанија и партнер на Владата во изминатиот период.

Тој демантираше дека поништувањето на повикот е поради тоа што на повикот не конкурирала новоформирана авиокомпанија од Албанија која наводно треба да биде нов авиопревозник на субвенционирани авиолинии.

Оваа авиокомпанија беше единствен учесник и на првиот повик објавен од Министерството за транспорт и врски, а ги реализирање евтините летови и во изминатите години за што доби субвенции во износ од 10 илиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...