Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа

Несогласувањата меѓу Панос Каменос и Никос Коѕијас на министерскиот состанок прераснале во расправија.

786
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Владата се наоѓа во распаѓање и нејзините членови не можат да го скријат тоа дури и зад затворени врати, коментираат од опозициската Нова демократија за вчерашната владина седница.

– Не се има случено премиер да ги моли министрите да не го турнат, а потоа рамнодушно да ги гледа како меѓусебно се обвинуваат за да не ја загубат нивната фотелја. Доста е. Земјата не може повеќе да тоне поради нив, соопштуваат од Нова демократија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, соопштението од најголемата грчка опозициска партија доаѓа по информациите дека грчкиот премиер Алексис Ципрас на вчерашната владина седница побарал од министрите да се обврзат дека нема да бидат причина да падне Владата и нема да ја поддржат евентуалната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на владата поради Договорот од Преспа, но и по информациите дека несогласувањата меѓу Панос Каменос и Никос Коѕијас на министерскиот состанок прераснале во расправија.

ФОТО: EPA-ORESTIS-PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...