Премиерот на Ерменија поднесе оставка

125

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан денеска поднесе оставка со цел да изнуди одржување на предвремени парламентарни избори.

Тој на должноста премиер стапи во мај по неколкунеделните протести што доведоа до оставка на неговиот претходник Серж Саркисјан.

Пашињан оставката ја соопшти во живо преку националната телевизија.

Вонредни избори ќе бидат распишани во случај Парламентот да не именува премиер, а Пашињан ги убеди своите противници да не номинираат ниту еден кандидат.

Согласно ерменските закони по оставката на премиерот во рок од 14 дена Парламентот треба да избере нов. Но, во случај да не биде избран премиер во две гласања, Парламентот се распушта и се распишуваат вонредни парламентарни избори.

И четирите фракции во ерменскиот Парламент изјавија дека не планираат да именуваат кандидат за премиерската функција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...