Лавров: Русија нема да дозволи да ја исфрлат, доброволно ќе излезе од СЕ

339
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI

Русија доброволно ќе излезе од Советот на Европа доколку нејзините непријатели инсистираат на нејзино исфрлање, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ако сакаат да ја исфрлат Русија од Советот на Европа, нема да им го дозволиме тоа задоволство – истакна Лавров.

Според него, присуството на Русија во Советот на Европа не е толку важно за Русија колку што е за европските држави.

– Тоа е мојот цврст став. Се придруживме на Советот на Европа откако не убедија дека целта е обезбедување заеднички, универзално правен и хуманитарен простор на Европа – истакна Лавров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...