Најмалку шест лица загинаа, а 80 се повредени кога патнички воз излета од шините во северозападно Мароко.
Заменик градоначалникот на градот Сале, Абделатиф Суду изјави дека спасувачите ги бараат патниците за кои се верува дека се заробени во вагоните.
Несреќата се случила во местото Сиди Букнадел во близина на Рабат.
Засега не е позната причината за несреќата.