Потпишан договорот за доизградба на патот до росоманското село Мрзен

141

Ќе се доградува локалниот пат од росоманското село Камен Дол до соседното село Мрзен.

Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Росоман Бранко Јанев и претставник на фирмата којашто ќе ги изведува градежните работи.

– Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а е кофинансиран од росоманската локална самоуправа- информираат од Службата за односи со јавноста при општината.

Вкупната сума на инвестицијата е 3.401.173 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...