Никој не сака дизел автомобил во Европа

Многу од големите европски градови, меѓу кои и Берлин, Лондон и Париз воведоа програми за забрана на дизел-автомобилите, со цел - сузбивање на загадувањето на животната средина.

4111

Продажбата на автомобили со дизел мотори во Европа е драстично намалена во првата половина од годинава поради загриженоста кај купувачите околу загадувањето и пониската вредност на тие возила при евентуална препродажба.

Пазарниот удел којшто се однесува на продажбата на дизел-возилата во Европската Унија, падна на 36,5 отсто во првата половина од оваа година. Тој параметар лани изнесувал 42,5 отсто, стои во извештаите.

Обемот на продажбата е намален за 16 отсто, т.е. 3,12 милиони автомобили, а во Велика Британија се продадени дури 30 отсто помалку дизел-возила во споредба со истиот период лани.

Во Германија, матичната земја на најголемите светски производители на дизел-автомобили, како што се Фолксваген и Бе-ем-ве, уделот во продажбата на дизел-возила е помал за 31,1 отсто од вкупно продадените автомобила. Тој број лани изнесувал 41,3 отсто.

Многу од големите европски градови, меѓу кои и Берлин, Лондон и Париз воведоа програми за забрана на дизел-автомобилите, со цел – сузбивање на загадувањето на животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...