Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

513

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до непрепознатливост за улогата на детектив со проблематично минато, во новата драма „Destroyer”. Филмот премиерно беше прикажан на Лондонскиот филмски фестивал.

Имено, оскаровката мораше да ја замени својата препознатлива долга руса коса со куса костенлива, и со мрачен израз на лицето, каква што била Ерин Бел – детективка на тајна задача, инфилтрирана во гангстерска банда, учествувала во нелегални акции со цивилни жртви, и долго потоа не можела да се помири со тоа.

– Влегов во нејзиниот лик, и сочувствував со неа. Си мислев, има одреден немир и збрканост во нејзиниот гнев, какви што досега не бев видела на големиот екран, особено во женски лик – објаснува глумицата.

Што се однесува на глумата, публиката има многу пофални зборови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...