Меган Маркл и принцот Хари минатата недела објавија дека на пролет ќе станат родители, а од тој момент јавноста со нетрпение го очекуваше нивното следно појавување.
Иако кај различни жени стомакот почнува да се познава во различни периоди од бременоста, стилот на облекување на Меган Маркл веќе извесно време предизвикуваше шпекулации дека очекува бебе.
На првото појавување по објавувањето на бременоста при посетата на Австралија, Меган се појави во бел минималистички фустан кој го откри благо заобленото трудничко стомаче кoe веќе не го крие под карнери и капути.
Модните критичари се прашуваат дали и Меган ќе развие препознатлив труднички стил, како што направи претходно Кејт Мидлтон.
Според изворите, Меган е во 12-тата недела од бременоста.
Таа беше забележана како ги носи обетките на принцезата Дијана во облик на пеперутки – гест со кој сакаше да оддаде почит на мајката на Хари првпат по објавувањето на бременоста.