Верниците на Руската православна црква нема да може да се молат и причестат во црквите и манастирите на полуостровот Атос во Грција поради расколот на РПЦ со Вселенската патријаршија, соопшти портпаролот на рускиот патријарх Кирил, Александар Волков.
– Планинатата Атос е (административна) територија на Вселенската патријаршија и се што оди со тоа- изјави Волков за руската агенција ТАСС.
РПЦ вчера соопшти дека донела одлука да ги прекине сите односи со Вселенската патријаршија откако таа најави дека ќе ја поддржи афтокефалноста на Украинската црква, односно нејзиното одвојување од Московската патријаршија.
ФОТО: УНЕСКО