Премијата за американската лотарија „Мега милиони“ се искачи на 654 милиони долари.
Тоа е четврта најголема сума досега во историјата на САД.
Наградата последен пат во јули оваа година ја освои група играчи од Калифорнија и таа тогаш изнесуваше 543 милиони долари.
Во случај некој да ја добие премијата и се одлучи за наградата од 654 милиони долари, таа ќе му биде исплаќана во рати во период од 29 години. Добитниците имаат опција да земат и помала награда, но во готово, и таа во случајот ќе изнесува 372 милиони долари.