Турција има аудио снимка која покажува дека Кашоги бил убиен

171

Турските власти имаат аудио снимка која покажува дека саудискиот новинар Џамал Кашоги​ бил убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул, изјавил турски безбедносен извор.

– Турската полиција има аудио снимка која покажува дека Кашоги бил убиен во саудискиот Конзулат – изјавил изворот без да даде други детали.

Тој додал дека доказите за убиството на Кашоги биле предадени на неколку држави меѓу кои Саудиска Арабија и САД и нагласил дека во тек е етапа на собирање конкретни докази во Конзулатот.

Заеднички саудиско-турски тим денеска влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул заради претрес на објектот, речиси две недели после изчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Тимот во попладневните часови стигнал во Конзулатот, а нивното доаѓање го снимиле новинарските екипи кои се на лице место.

За сега не е познато каков вид претрес ќе спроведат.

Светските агенции јавуваат дека десетина луѓе влегле во саудискиот конзулат откако беше соопштено дека заеднички турско-саудиски тим ќе изврштити претрес во текот на денов.

Саудискиот крал Салман претходно денеска нареди истрага за исчезнувањето на Кашоги, кој на 2 октомври влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул, по што му се губи трагата.

– Кралот му нареди на Јавниот обвинител да отвори внатрешна истрага за предметот Kашоги врз основа на информациите од заедничката работна група во Истанбул – изјави официјално лице, кое побарало анонимност.

Делегацијата на Саудиска Арабија во петокот пристигна во Турција. Анкара се согласи да се формира заедничка работна група со Саудиска Арабија, со цел да се утврдат околностите на исчезнувањето на новинарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...