Меркел не се дава:Гласачите ја загубија довербата во Владата, но ќе ја повратам

207

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека големата загуба на гласови на партиите членки на нејзината владина коалиција на вчерашните покраински избори во Баварија, претставува показател оти гласачите ја загубиле довербата во Владата, но вети дека ќе ја поврати загубената доверба.

– Лекцијата од сето ова е дека јас како канцеларка морам да ја повратам довербата. Ќе работам на тоа колку што можам поенергично – изјави Меркел.

Христијанско социјалната унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел, на вчерашните покраински избори во Баварија го загуби мнозинството во покраинскиот Парламент, освојувајќи 37,3 отсто од гласовите, односно една третина помалку во споредба со изборите во 2013 година.

Вториот партнер во владината коалиција на Меркел, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) мина уште полошо на изборите, освојувајќи нешто под 10 проценти од гласовите или двојно помалку во споредба со пред пет години.

Меркел во денешнта изјава оцени дека се покажало оти дури и „најдобите економски податоци и речиси целосната вработеност во сите делови на Баварија, не беа доволни кога недостига нешто што е многу важно – довербата“.

Таа нагласи дека како предводник на „големата колаиција“ на ЦДУ, СПД и ЦСУ, таа мора да стори повеќе за да ја поврати довербата и „да ги направи резултатите повидливи“.

Лидерката на СПД. Андреа Нахлес пак оцени дека резултатите од изборите од Баварија треба да се сфатат како порака оти „мора да се промени целокупниот стил на заедничкото работење“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...