Германската полиција го блокира реонот околу железничката станица во Келн поради заложничка криза.
Регионалната полиција објави на Твитер дека полициски единици се наоѓаат на лице место, како и дека заложник е одведен на плоштадот во близина на железничката станица.
– Претпоставуваме дека е земен заложник или во Мекдоналдс или во блиската аптека. Најверојатно за заложник е земена една жена, но немаме повеќе информации, изјави портпаролката на полицијата.
Во меѓувреме, германскиот магазин „Фокус“ објави дека на железничката станица се слушнале истрели.