Бензините и дизелот поскапеа

За 2,5 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 58 ден/лит.

551

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, од полноќ се зголемуваат за денар односно 1,50 денари од литар, а „еуродизел(Д-Е V)“ поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар „еуродизел БС-95“ ќе се продава за 74,50, „еуросупер БС-98“ за 76,50, а „еуродизел (Д-Е V)“ за 69 денари.

За 2,5 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 58 ден/лит.

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 2,659 денари и еден килограм ќе се продава за 38,409 денари.

Регулаторната комисија го образложува поскапувањето на горивата со зголемување на просечната цена на суровата нафта за 4,74 отсто во изминатите две недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...