Вработените од „Сјекуриком“ пред Влада ги бараат заостаните плати

200

Вработени од „Сјекуриком“ протестираат пред Владата на Република Македонија. Како што велат незадоволни се од неисполнетото ветување дека ќе им бидат исплатени трите заостанати плати за јули, август и септември.

Нагласуваат дека минатата недела им било ветено дека ќе им бидат исплатени платите, а сега како што посочуваат им било речено дека исплатата ќе почне за два до три дена.

Полиција го пренасочува сообраќајот пред Владата во делот од мостот Гоце Делчев кон Карпош, додека другата страна од булеварот е слободна за сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...