Хит оглас во Србија: Се издава ќибрит

Имено, извесен Никола, изреволтиран од лошата понуда од куќи и станови под наем и превисоките цени, во својата објава нуди кутија ќибрит.

169

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижнини, се појави понуда од 20-на реда, која поради својата иронија, за кусо време стана хит на социјалните мрежи.

Имено, извесен Никола, изреволтиран од лошата понуда од куќи и станови под наем и превисоките цени, во својата објава нуди кутија ќибрит.

– Сите ние сонуваме да издаваме секакви г**нарии за цена од 200 евра и да се збогатиме… Молам, само сериозни понуди… Договор никаков не е можен – или земи што ти се нуди или спиј на улица, вели Никола во својот оглас.

Претходно, тој истакнува дека кутивчето не е употребено ниеднаш, а го издава исклучиво на непушачи (за да не му ја потрошат), на двојки без деца (освен ако не се ослободат од нив), на студентки кои минуваат подолго време на факултет…

– Миленичиња се дозволени, сите освен смрдливки…, се вели во огласот натаму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...