Најголемиот домашен производител на сувомесни производи, „Пекабеско“ од денеска започна со голема наградна игра: „Пекабета за цело семејство“.
Три најсреќни семејства ќе одат во најубавите забавни паркови во Европа и тоа: забавниот парк Lisberg во Шведска, забавниот парк Phantasialend во Германија и забавениот парк Parque Warner во Шпанија.
Секоја недела ќе се доделуваат и телефони Samsung Note 9, ваучери од Kares во вредност од 10.000 денари, потоа маици, торби и капи „Пекабета“, како и друштвени игри „Меморија“.
Секој кој сака да учествува во наградната игра потребно е од 15.10 до 16.12 да купи една или повеќе „Пекабета“ паштети и кодот од фискалната сметка да го испрати на 149 941 и порака со следнава содржина: тараба, број на фискална сметка, празно место, час и минута на купување – пример #____ (број на сметка) __:__ (час и минута на купување).
Производи кои учествуваат во наградната игра се „Пекабета“ кокошја паштета, „Пекабета“ кокошја пикант паштета и сет 2+1 „Пекабета“ кокошја паштета кои можат да се купат низ цела Македонија. Цената на CMC порака изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ, а фискалната сметка задолжително треба да се зачува.
Правилата за наградната игра може да ги прочитате детално на следниот линк: http://www.pekabesko.com.mk/b/17/nagradna-igra-pekabeta
„Пекабета“ паштетите се најновиот член на „Пекабеско“ семејството и се првите домашни паштети со премиум квалитет. „Пекабета“ не содржи конзерванси и е направена од квалитетно кокошкино месо.