Експлозиите од сојузничките бомби се чувствувале и во вселената

118

Бомбите кои сојузниците во Втората светска војна од авиони ги исфрлале врз цели во нацистичка Германија биле доволно силни за да го ослабнат јонизираниот горен слој на атмосферата, јоносферата, што се наоѓа на висина од 50 до 600 километри и над Обединетото Кралство, што е до 1.000 километри оддалечено од локациите на некои од нападите.

Експертите кои ги проучувале записите од тоа време откриле дека секој напад ослободувал енергија со сила од најмалку 300 удари од громови.

– Досега не беше познато каков е ефектот на тие бомби врз атмосферата на Земјата, вели професорот по вселенска и атмосферска физика на Универзитетот Рединг – Крис Скот.

Научниците дојдоа до тоа откритие, откако анализираа дневни записи на станицата за радио истражување во „Дитон парк”, во која се спроведувало рутинско мерење на јоносферата од 1933 до 1996 година. Тој претставува најдолг константен период на мерење на јоносферата во светот.

– Секој напад од бомбардери ослободувал енергија со сила од најмалку 300 удари од громови. Силата била толку голема што ни овозможи да утврдиме како настаните на површината на Земјата би можеле да делуваат и на јоносферата – вели Скот.

Научниците ги проучувале записите за реакцијата на јоносферата во времето на 152 големи сојузнички воздушни напади во Европа и откриле дека концентрацијата на електрони е значително намалена како резултат на ударните бранови предизвикани од бомбардирањето на површината на земјата. Тоа ја загревало горната атмосфера и засилило губење јонизација, објави Дејли мејл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...