Во Србија именуваа професорка по српски јазик за директор на музејот „Никола Тесла“

Ивона Јевтиќ е по струка професор по српски јазик и во светот на културата дошла од светот на поштата.

486

Културната јавност во Србија бурно реагира на информацијата дека новата в.д. директорка на музејот Никола Тесла е поранешната градска секретарка за култура Ивона Јевтиќ.

Досегашниот директор на музејот го сметаа за исклучителен познавач на ликот и делото на Тесла.

Ивона Јевтиќ е по струка професор по српски јазик и во светот на културата дошла од светот на поштата, јавуваат белградски медиуми. До 2010 година работела во Пошта на Србија.

Без какво било искуство во културата во 2014 година ја именувале за шеф на Културниот центар во Белград. Не се знае колку го разбира ликот и делото на Тесла бидејќи не одговара на пораки на белградски медиуми. На социјални мрежи се појавија голем број коментари откако таа ја спомена „втората косовска битка“ во интервју од август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...