Mинистрите на ЕУ ќе разговараат за референдумот во Македонија

274

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе имаат состанок во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.

На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во меѓународните односи, вклучително и резултатите од 73-тото Генерално собрание на ОН.

Министрите ќе разговараат за референдумот што неодамна се одржа во Македонија, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7. октомври.

На дневен ред ќе бидат и миграцијата и ситуацијата во Либија.

Руски медиуми објавија дека министрите од ЕУ официјално ќе ги одобрат и новите санкции кон Русија за наводно користење хемиско оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...