Членови на делегацијата на германскиот министер за финансии Олаф Шулц останале во Индонезија бидејќи глувци ги изгризале каблите на владиниот авион за време на годишната средба на ММФ.
Шулц денеска слетал во Берлин, по летот кој траел 22 часа од Бали со преседнување во Хонг Конг и Цирих.
Членот на Социјалдемократската партија требало да биде во Германија што побрзо, поради изборите во Баварија и консултациите со својата партија.
Глувците ги изгризале електричните кабли на авионот „Конрад Аденауер“, велат извори од состанокот на ММФ за ДПА.
Другите членови на делегацијата и околу 20 новинари останале на Бали,
Портпаролката на одделението за авиопревоз на Министерството за одбрана, која е одговорна за владините летови, рекла дека авионот ќе биде префрлен во Сингапур, каде идните пет дена ќе биде на преглед.