Црна Гора: Дозволен му влез на српскиот патријарх Иринеј

78

По медиумските шпекулации за забрана за престојот на српскиот патријарх Иринеј во Црна Гора, портпаролката на црногорската полициска управа Тамара Павичевиќ, , изјави денеска дека „патријархот на Српската православна црква (Иринеј) ќе може да влезе во Црна Гора”, информираше РТЦГ.

– Во овој момент не постои ниедна законска пречка што би го спречила престојот на патријархот во нашата земја – изјави Тамара Павичевиќ.

Од РТЦГ потсетуваат дека во црногорско-приморската митрополијата на СПЦ претходно објавиле дека Иринеј утре ќе допатува во Црна Гора со антиохискиот патријарх Јован, како и дека денеска весникот Побједа, повикувајќи се на изјавата на висок претставник на полицијата, објави дека Иринеј нема да може да влезе во Црна Гора.

Патријархот Иринеј утринава изјави за српските медиуми дека „не е информиран дека е на листата на несакани гости во Црна Горра, како и дека не гледа ниту една причина утре да не отпатува во Црна Гора “.

Најавата за неговата посета деновиве предизвика големо медиумско внимание во двете држави, поради шпекулациите дека црногорските власти имаат направено список на непожелни лица од Србија, меѓу кои се наоѓа и Иринеј, поради неговите изјави дека „положбата на Србите во Црна Гора е полоша и од времето на усташката НДХ и од Османлиите.“

Оваа негова изјава ја коментираше и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, кој изјави дека „никој нормален такво нешто не може ни да помисли, а камо ли да изговори“, очекувајќи демант од Иринеј, кој реагираше преку српската патријаршија, одбивајќи да се извини.

Посетата на поглаварот на СПЦ и на антиохискиот патријарх Јован на Црна Гора, доаѓа во периодот на заострени односи во православниот свет по признавањето на Укранската православна црква од страна на Васеленската Патријаршија и противењето на СПЦ да и даде автокефалност на Црногорската православна црква, како и на Македонската православна црква.

Исто така, српскиот патријарх Иринеј патува во Црна Гора во моментот на зголемени политички тензии и забраната на црногорските власти за прослава на обединувањето на Србија и Црна Гора по Првата светска војна во 1918 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...