Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, планира да се повлече од функцијата, но за „Си-Би-Ес” рече оти пензионираниот генерал може да поднесе оставка и дека Матис го смета за „некаков демократ”.
Трамп го изјави тоа во однапред снимено интервју, кое ќе биде емитувано во емисијата „60-минути“ на оваа американска телевизија.
-Тоа би можело да биде така – одговори Трамп, на прашањето дали Матис планира да земине од функцијата.
– Мислам дека тој е како некој вид демократ, ако ја сакате вистината. Но, генералот Матис е добар човек. Ние многу добро се согласуваме. Можно е да замине – рече Трамп.