Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, коментирајќи го вчерашниот протест во Вуковар, денеска изјави дека „очигледно во Хрватска постои притисок и голема експанзија на десничарските партии“ и додаде дека тоа се пренесува и на српско-хрватските односи.
– Со тоа продолжува антисрпската хистерија која постои – рече Дачиќ, додавајќи дека не знае на кого се жалат тие кои протестираат.
Тој истакна дека Србија го санкционирала и ќе го санкционира секој кој направил воено злосторство.
– Сите треба да бидат свесни за злосторствата што ги направиле. Ако некој направил воено злосторство треба да одговара, нема сомнеж за тоа – порача Дачиќ.
Неколку илјади граѓани од повеќе градови од Босна и Херцеговина вчера протестираа во Вуковар поради непроцесуирање на делата за воени злосторства.
На протестот, кој започна со интонирање на хрватската химна, присуствуваа сегашни и поранешни функционери и членови на ХДЗ.
Градоначалникот на Вуковар, Иван Пенава, кој и покрај противењето на премиерот Андреј Пленковиќ, го организираше протестот, рече дека граѓаните се собрале во Вуковар за да кажат „доста