Американската армија ја подготвува воената парада која ја побара претседателот Доналд Трамп, но на неа нема да има тенкови, за да се избегне оштетување на булеварот Пенсилванија и другата инфраструктура во Вашингтон.
Парадата ќе се одржи на 11 ноември, кога во САД се празнува денот на ветераните. На неа ќе излеат поголем број единици облечени во парадни униформи, а се очекува дефиле на модерни и постари модели на борбени летала. Трамп најави дека ќе организира воена парада во Вашингтон по посетата на Париз за Денот на Бастилја, кога се одржува традиционалната парада на француската армија.
Последната поголема воена парада во Вашингтон била одржана во 1991 година, по победата во Првата заливска војна, кога парадирале 8.000 војници придружувани од тенкови и артилерија