Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), оствари средби со високи претставници на двете меѓународни институции, вклучувајќи средби со извршниот директор на ММФ, г. Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, г. Пол Томсен, извршниот директор на СБ, г. Франк Хемскирк, потпретстедателот на Светската банка, г. Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, г-а Џорџина Бејкер и г. Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници, соопшти кабинетот на гивернерот.
– Гувернерката Ангеловска-Бежоска оствари и состаноци со раководителите на неколку дирекции на ММФ, вклучувајќи ги дирекциите за статистика, за монетарни и капитални пазари и за фискални работи. За време на овие состаноци се разговараше за постигнатите резултати од досегашната успешна соработка со ММФ и можностите за дополнително унапредување на работата на НБРМ, преку техничка и советодавана соработка во областите на стандардите за статистичко известување и унапредување на моделите за економско проектирање.
Заедно со министерот за финансии,Драган Тевдовски, гувернерката на НБРМ ја предводеше делегацијата на Република Македонија на годишните средби на ММФ и Светската банка, коишто оваа година се одржуваа во Индонезија. На настанот учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии на земјите членки на ММФ и СБ. Дискусиите беа поврзани со одржливиот раст на економијата на светско, регионално и државно ниво, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето инклузивен развој за сите целни групи во општеството.