Лејди Гага позираше топлес, хејтер ѝ порача да ги покрие „обесените палачинки“

3233

Пејачката Лејди Гага (32) се проба како глумица и доби само пофални зборови за улогата во филмот „Ѕвездата е родена“. Со оглед на тоа што повторно е во фокусот на јавноста, таа овој пат проговори отворено за нејзината борба со недостаткот на самодоверба.

Таа призна дека отсекогаш била несигурна во себе и прилично комплицирана заради изгледот. Сепак, за магазинот Elle, каде имаше интервју, се фотографираше топлес и му покажа на светот што може.

Со рацете ги прекри голите гради, а на себе носеше тесни панталони и капа на главата. Провокативната фотографија на Инстаграм собра повеќе од 1,1 милион лајкови, а на комплиментите им нема крај. Меѓутоа, меѓу коментарите има еден што „боде“ во очи:

„Те молам, покриј ги тие обесени палачинки!“, и порача еден од хејтерите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...