„Жена како мене“ е новата песна на британската група Литл Микс, која со својот рап ја збогатува американската раперка Ники Минаж. Песната на Јутјуб веќе има над три милиони прегледи, а фановите на раперката и на победничките на Х фактор со позитивни коментари за нивната соработка.
Една од членките на групата, Пинок за музичкото видео изјавила дека е едно од нејзините омилени.
-Најмногу ми се допаѓа тоа што во најголем дел од спотот сме сите заедно како група. Немаме многу соло сцени. Во минатото не сме го искусиле ова-рекла Пинок.
Петтиот албум на Литл Микс се очекува да излезе во ноември.