Со солзавец и водени топови растерани десничарите кои сакаа да ја спречат парадата на гордоста

299

Полската полиција со солзавец и водени топови ги растера десничарите кои се обидоа да ја спречат првата парада на гордоста во полскиот град Лублин.

Повеќе од илјада припадници на ЛГБТ заедницата и активисти учествуваа на парадата, а се собраа околу 3.000 десничари, кои полицијата ги растера, откако тие гаѓале со камења кон неа.

По полициската интервенција парадата продолжила без проблем.

Парадата е одржана откако Апелацискиот суд во Лублин ја укина забраната за одржување вакви манифестации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...