Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас смета дека протестите за отворено и слободно општество најавени за денеска во Берлин се важен сигнал за единство.
– Ние нема да дозволиме да се разделиме, особено од десничарските популисти- изјави Мас за весниците од медиумската група „Функе“.
Тој рече дека мнозинството Германци ја поддржуваат толеранцијата и отвореноста кон светот и додаде дека новиот национализам нема да реши ниту еден проблем.
– Разновидноста на културното наследство, бојата на кожата, религијата го збогатуваат секојдневниот живот, а не нѐ загрозуваат- рече Мас.
Се очекува на демонстрациите да присуствуваат десетици илјади демонстранти. Тие се насочени против говорот на омраза, дискриминацијата и опасностите на бегалците во Медитеранот при нивните обиди да стигнат до Европа.
Организатори се групи активисти обединети под името „Независни“.