Формиран Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија

251

Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија е формиран вечерва во Софија на Бугарско-македонска културна средба организирана од Бугарскиот културен клуб-Скопје и Фондацијата „Татковина“.

Како што соопшти Бугарско-македонскиот бизнис-клуб, на средбата е усвоена и Декларација за потребата од зајакнување на духовните и културните врски меѓу Бугарија и Македонија.

На состанокот учествувале истакнати личности од културата од двете држави, кои разговрале за  културните врски и ги споделиле своите препораки и идеи за развој и зајакнување.

За време на средбата била отворена изложба на групата „PRINTNEST” – на творци од Софија и Охрид: Зоран Мише, Павел Целкоски, Васил Ангелов, Иван Матеев и Горан Тричкоски. Била претставена и книгата „Паника во музејот“ на писателот Иван Шопов од Скопје, како и зборник и две цедиња од „Бугарски народни песни од Македонија” собрани од Коста Црнушанов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...