Осомничени 20 грчки функционери за пожарот кај Атина

218

Тимот на обвинителството, кој го испитува пожарот во Атина на 23 јули, во кој загинаа 99 лица, повика 20 грчки функционери како осомничени идната недела да дадат исказ за тоа.

Тие се осомничени за различни, вклучително и за најтешки кривични дела, за што во неколку кривични пријави ги обвинуваат роднините на жртвите.

По налог на обвинител од Врховниот суд, обвинителите, кои ја водат истрагата, побараа изјава од префектот на покраината Атика, Рене Руру, која, исто така, беше осомничена за катастрофалната поплава во ноември минатата година, а свој исказ треба да дадат и претседателите на општините Маратон и Рафина, кои беа погодени од шумски пожар во јули.

Обвинителите бараат изјави и од поранешниот генерален секретар на Службата за цивилна заштита на Грција, поранешниот шеф на грчката полиција, како и на актуелни полициски службеници, Службата за цивилна заштита, Одделот за противпожарна заштита на Грција и крајбрежната стража.

Атинскиот „Катимерини” забележува дека повиците за сослушување се испратени два и пол месеца откако прелиминарната истрага за пожар започнала како „итна”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...