Пожарникарите од Австралија, секоја година традиционално прават календар, а исклучок не е ниту 2019 година.
Уште од 1993 година пожарникарите позираат за календар, од чија продажба целиот приход оди во добротворни цели.
Од друга страна пак, за календарот се вели дека е мелем за женски очи.
Оваа година австралиските специјалисти за борба со пожари позираа полуголи со најразлични животни.
Австралискиот календар на пожарникарите достапен е во пет верзии, а на него освен храбрите и згодни момчиња прикажани се и животни од Австралиската зоолошка градина, како и мачиња, кучиња и коњи. Директорот на пожарникарската служба, Дејвид Роџерс, изјавил дека остануваат посветени на хуманитарните цели.
– Секоја година сме поголеми и посилни – изјавил Роџерс.
Годинава, првите седум дена од продажбата, по 2 долари од секој календар продаден онлај биле донирани за фармери чии посеви настрадале во суша.
Во календарот, за еден од месеците е прикажан секси пожарникар кој во раце држи коала, за втор тетовирано момче со куче во прегратка, додека на трета фотографија пожарникар позира како бакнува маче. Еден од пожарникарите, облечен само во панталони, е фотографиран во игра со лемури, а негов колега се расоблекол за календарот и позира држејќи прасе во раце.
Од првото издание, овој калнедар за добротворни цели има собрано околу 3 милиони долари.
ФОТО: Фејсбук