Енрике Иглесијас призна дека веќе десет месеци, откако тој и Ана Курникова станале родители на Николас и Луси имаат повеќе секс од претходно.
Славниот латино пејач за првпат ги откри тајните од спалната соба во интервју за „Сан“, а особено внимание предизвика неговиот одговор во кој истакна дека ќерката и синот ги загреале страстите помеѓу него и Ана.
– Имаме повеќе секс од претходно, нашиот сексуален живот не се намали. Со сигурност велам дека не ни недостига секс – изјавил пејачот.
Енрике се осврнак и на родителството, кое сосема го променило.
„Како и секоја друга двојка, поминуваме низ падови и подеми и не е секогаш совршено. Но, токму поради тоа е и соврешно. Неверојатно е чувството да се гледа Ана како мајка, прекрасна е“.
На почетокот на овој месец пејачот ја започна својата турнеја низ Велика Британија, а грижата околу децата ѝ ја препушти на Ана, која максимално им се посветува.
Инаку, Енрике и Ана се запознале уште во 2001 година, кога и ја започнале врската. Оттогаш се неразделни, но сè уште не се венчани.
– Никогаш не му придавав значење на бракот. Можеби поради тоа што сум дете на разведени родители, но не дека сметам некој повеќе ќе го сакате поради еден документ. Она што е важно е каков родител си, а не брачен партнер – изјавил во едно интервју пејачот.
ФОТО: јутјуб