Исламската Држава презема одговорност за самоубиствниот напад во шиитски дел на Кабул

116

Исламската Држава презема одговорност за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Кабул, во Авганистан, во кој беа убиени десет лица.

Нападот беше извршен во главно шиитски дел на градот, на годишнината на смртта на водач на шиитската заедница. Меѓу убиените е еден полицаец.

Мисијата на Обединетите нации во Авганистан проценува дека над 160 лица биле убиени, а 257 ранети во текот на 2017 година во напади врз шиитите во Авганистан. Во декември, ИД нападна шиитски културен центар во истиот дел на Авганистан и уби 41 човек. Мнозинството Авганистанци припаѓаат на сунитската верска група.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...