Полска повторно контра ЕУ, ќе стави вето на извештајот за човекови права

Ветото е дел од серијата спорови помеѓу актуелната конзервативна полска Влада и лидерите на ЕУ за основните вредности.

96

Полската Влада соопшти дека ќе стави вето на усвојувањето на годишниот извештај за Повелбата за основните права на Европската унија, бидејќи во него не се повикува на заштита на христијаните и Евреите од верска дискриминација.

Одлуката на полскиот министер за правда Збигњев Жобро да се спротивстави на најновиот извештај за спроведувањето на Повелбата за основните права на ЕУ значи дека тој нема да ги добие гласовите на земјите членки, што е услов за негово усвојување.

Ветото е дел од серијата спорови помеѓу актуелната конзервативна полска Влада и лидерите на ЕУ за основните вредности.

Полскиот министер за правда рече дека тој се спротивставил на извештајот, бидејќи во него посебно ја нагласува потребата да се заштитат луѓето од ЛГБТ заедницата, децата и жените мигранти, но не и христијаните и Евреите.

Европската комисија објавува годишни извештаи од 2010 година за тоа како се применува Повелбата за поддршка на правата и слободите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...