Листата на должници на Управата за јавни приходи за долгови доспеани до крајот на јуни и биле неплатени до крајот на септември годинава содржи вкупно 4.105 должници. Од нив 2043 должници – правни лица и 2062 физички лица.
Заедно тие вкупно должат 9.757.688.639 денари или 158.661.603 евра.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.728.920.195 денари, додека долгот за царински давачки е 28.768.444 денари.
Од Управата информираат дека сумата за последниот месец е помала за 8,5 милиони евра. Бројот на фирми должници е намален за над 2.000, додека на последната листа се објавени дваесетина должници помалку меѓу физичките лица, за разлика од претходната.
И на оваа листа води ОХИС со долг од 883 милиони денари. И на оваа листа се најдоа повеќе јавни претпријатија.