Српските пратеници во иднина не ќе можат да преминуваат во други партии

Целта е да се стави крај на праксата пратениците, избрани од народот врз основа на една изборна програма, подоцна да преминуваат на страната на ривалските партии и да застапуваат сосема поинакви ставови и политики

120

Доколку бидат прифатени предложените измени на Деловникот за работа на српското Народно собрание, пратениците во иднина не ќе можат да преминуваат од една во друга пратеничка група, а доколку сепак решат да ги напуштат своите партии ќе мора да дејствуваат како независни пратеници, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.

Весникот неведува дека претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ веќе ја започнала постапката за промена на Деловникот, кој е усвоен пред осум години.

Според извори од Собранието, целта на ваквите измени е да се спречи можноста партии што не учествувале на изборите подоцна да имаат свои пратеници или пратенички групи во законодавниот дом, благодарение на народните избраници кои ќе решат да ги напуштат партиите на чии листи се избрани.

– Целта е да се стави крај на праксата пратениците, избрани од народот врз основа на една изборна програма, подоцна да преминуваат на страната на ривалските партии и да застапуваат сосема поинакви ставови и политики -, наведува „Вечерње новости“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...