Земјотрес од 5,3 степени во реонот на Токио

52

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди реонот на јапонскиот главен град Токио.

Како што соопшти јапонската Национална метеоролошка служба, земјотресот бил на длабочина од 50 километри под површината на земјата, со епицентар во северниот дел на префектурата Тиба, источно од Токио.

Потресот бил почувствуван во целиот регион на Токио, но засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е прогласена ниту опасност од можна појава на цунами.

Минатиот месец јапонскиот остров Хокаидо го погоди земјотрес со јачина од 6,7 степени, при што загинаа 44 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...