„Спроведување на целите за одржлив развој во светот кој се менува: локализација, инклузивност и инвестирање во резултати“ е тема на која ќе се обрати министерот за финансии Драган Тевдовскина на годишните средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кои се одржуваат во Индонезија.
Делегација е предводена од гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска.
Тевдовски, како што е соопштено, ќе се осврне на целите за одржлив раст и реформите кои се прават во земјава за остварување на тие цели.
На панелот на кој ќе говори Тевдовски, предвидено е свое обраќање ќе имаат и претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер, како и извршниот директор на Светската програма за храна (ВФТ) Дејвид Бизли.
Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. На панелот на кој ќе се обрати Тевдовски ќе говори и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гурија.