Група борци и нивните семејства евакуирани од Источна Гута

162

Сириската државна телевизија објави дека борците и нивните семејства почнаа да го напуштаат предградието на Дамаск, Источна Гута.

На емитуваните снимки се гледа како луѓе влегуваат во автобус.

Според телевизијата тие се борци кои побегнале од Источна Гута преку преминот ал-Вафидин.

Источна Гута е под опсада на бунтовниците, противници на сириската Влада.

Претходно, бунтовничката група Џаиш ал ислам соопшти дека група џихадисти од групата Хајар тахрир ал Шам, огранок на Ал Каеда, ќе ја напушти Источна Гута.

Џихадисти ќе бидат евакуирани и од Идлиб, единствена сириска провинција, која е целосно вон контрола на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...