По трансплантацијата на бубрег, Селена Гомез заврши во психијатриска болница

809
ФОТО: EPA/NEIL HALL

Заради загрозено психичко здравје, 26-годишната пејачка Селена Гомез принудена е да се лекува на клиника.

Американката била хоспитализирана двапати во последните неколку недели заради ниско ниво на бели крвни клетки, што често се јавува како несакан ефект од трансплантација на бубрег. При втората посета на болницата, музичарката добила напад на паника.

– Таа имаше неколку тешки седмици, а нападот на паника во болницата беше нејзин пресврт – потврдил извор за магазинот „Пипл“, додавајќи дека пејачката по убедување од семејството се согласила да посети клиника за психички болести.

Неименуваниот извор додал дека Селена сфатила дека треба да побара помош за да се ослободи од емоционалните проблеми.

ФОТО: EPA/NEIL HALL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...